Циципас по своето прво четврфинале во Мајами: Уживам во секоја секунда на теренот

Од:

Петтиот светски рекет Стефанос Циципас го победи Лоренцо Сонего (6:2, 7:6) и за прв пат се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами. Ова е седми пат како еден Грк се пласира во најдобрите осум на мастерс-турнирите.

– Играм добро, се чувствувам добро, уживам во секоја секунда на теренот. Воодушевен сум што играм како што играм. Добивам интересни противници, успевам да најдам решенија против нив, коментираше Циципас за овој резултат.

За полуфиналето тој ќе игра со Полјакот Хуберт Хуркач. Во меѓусебните дуели, Гркот кој е втор фаворит за трофејот на Мастерсот во Мајами води со 6:1.

– Имавме многу натпревари. Хуберт има многу моќни удари, така што ќе треба да се чувствувам што е можно подобро физички. Ќе биде тешко и важно ми е да настапам на нивото на кое играв до сега. Или уште подобро, рече Циципас.

Мечот Циципас – Хуркач е закажан за утре со почеток во 19 часот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ

Полскиот тенисер лут поради повластениот третман на Синер: „Уништен сум и шокиран“

Предраг Петровиќ