Федерер го освои турнирот во Хале

Од:

Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер е победник на АТП турнирот во германскиот град Хале. Тој попладнево во финалето го совлада Михаил Јужњи (Русија) со 2:1 (6:7, 6:3 и 6:4).

За Швајцарецот ова беше 15-та победа во исто толку мечеви против рускиот тенисер кој во финалето пружи голем отпор во меч кој траеше нешто повеќе од два часа.

Федерер со оваа победа стигна до првиот АТП трофеј во 2013 година и вкупно 77. во неговата богата кариера.

Во Хале, Федерер има пет пати победувано, а денешното освојување на турнирот е првпат по седум години.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех