Словачкиот премиер Матович утре се повлекува од функцијата, се договори да биде министер за финансии

Од:

Словачкиот премиер, Игор Матович, утре ќе поднесе оставка на функцијата, а претседателката, Зузана Капутова, ќе побара од министерот за финансии Едуард Хегер да формира нов кабинет, изјави денеска Хегер по состанокот со претседателката.

Матович вчера конечно се согласи да замине од функцијата, менувајќи ја со министерот за финансии, Хегер, само за да ги задоволи барањата на коалициските партнери за напуштање на местото шеф на владата, јавија британските медиуми.

Словачка е сериозно погодена од пандемијата на коронавирусот, а владината криза изби откако Матович ја нарача руската вакцина „Спутник V“ без консултации и знаење на коалициските партнери.

Би можело да ве интересира

Фицо: Словачката опозиција се подготвува за свој „Мајдан“

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина