Четворица кошаркари откажуваат настап за селекцијата на Србија на ЕП

Од:

Кошаркарската репрезентација на Србија, еден од противниците на Македонија на престојното Европско првенство, уште пред почетокот на подготвоките се соочува со кадровски проблеми.

Како што пренесува српскиот весник „Вечерње новости“ од списокот кој го објави селкторот на Србија Душан Ивковиќ ќе отпаднат четворица кошаркари: Новица Величковиќ, Душко Савановиќ, Владимир Мицов и Зоран Ерцег.

За најискусниот Савановиќ веќе подолго време се пишуваше дека најверојатно нема да настапи на ЕП во Словенија, поради проблеми со честите повреди.

Новица Величковиќ паузираше речиси цела година поради повреда, што е главна причина за лошата форма во која се наоѓа, па прашање е дали воопшто ќе може да ги издржи напорните подготовки, пријателски средби, а потоа и силниот турнир на првенството.

Зоран Ерцег кој поради повреда на ахиловата тетива имаше долга пауза, кон крајот на сезоната се врати на теренот со солидна минутажа во дресот на ЦСКА Москва. Сепак, извесно е дека Ерцег не сака да ја загрози својата понатамошна кариера, со евентуалното прерано враќање во репрезентативниот дрес во кој рековалесцентот го очекуваат големи напори.

Енигма за „Вечерње новости“ е и најавениот отказ на Владимир Мицов, кој имаше одлична сезона во московска ЦСКА, па оттаму нејасна е причината зошто Мицов го откажал својот настап во репрезентацијата.

Останува отворено прашањето, дали најавените кошаркари ќе им се приклучат на останатите повикани од селекторот Ивковиќ, на првиот собир закажан за 8 јули во Белград.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ