Приведен тетовец кој агресивно се однесувал кон полицајци за време на полициски час

Од:

Жител на Тетово бил приведен од полицајци откако бил затекнат како го прекршува полицискиот час, а притоа агресивно се однесувал кон службениците на МВР. Полицајците го затекнале вчера околу 23 часот на улицата „111“ во Тетово.

-Полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода 42-годишен тетовец, кој агресивно се однесувал и ги навредувал, а ја прекршил и забраната за движење. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци, инфомира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

За неносење на заштитни маски на 38 лица полициските службеници им изготвиле платни налози поради прекршување на владината уредба за заштита во време на пандемија.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари