Европскиот комесар за единствен пазар Тиери Бретон во интервју за неколку француски медиуми го презентираше „европскиот здравствен сертификат“ за вакцинација против коронавирусот, кој ќе им биде достапен на граѓаните од 15 јуни, но додаде дека нема да биде задолжителен.
„Знаеме како ќе изгледа идниот здравствен сертификат, кој ќе биде достапен од 15 јуни. Тоа ќе биде документ со информации за вакцинација и антитела развиени против коронавирусот“, рече Бретон.
El Comisario europeo??@ThierryBreton presenta en @LeGrandJury el ‘certificado de #vacunacion’ contra el #COVID19 que podría estar listo en papel y en el smartphone en el plazo de 2 o 3 meses pic.twitter.com/Ph3yk2iE2V
— Miguel Gil (@Gil_peral) March 28, 2021
Тој посочи дека сертификатот треба да биде достапен во дигитална верзија или на хартија, и дека треба да го издадат министерствата за здравство на земјите од Европската Унија.
Сертификатот или пасошот, како што го нарекуваат некои медиуми, ќе има информации за државјанството, видот на вакцината и антителата.
„Документот ќе го содржи вашето име, презиме, датум на раѓање, државјанство, број на пасош проверен со QR-код, без разлика дали сте биле вакцинирани или не, видот на вакцината и дали сте биле носител на вирусот“, рече Бретон, кој на француските новинари им ја покажа верзијата на сертификатот.
Бретон рече дека постои можност документот, иако не е задолжителен, да биде препорачан за патување со авион, учество во важен настан или влегување на јавно место. Во отсуство на тој документ, неопходен е негативен тест за коронавирус.