Европскиот дигитален Ковид сертификат презентиран во Атина

Од:

Доказ за вакцинација, доказ за негативен ПЦР или антигенски (рапид) тест или доказ за прележана болест, заедно со основните лични податоци, содржи европскиот дигитален Ковид сертификат (EU Digital COVID Certificate) што денеска беше презентиран во Атина од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, министерот за дигитална политика Кирјакос Пијеракакис, а во присуство на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и потпретседателот на ЕК Маргаритис Схинас, јави дописничката на МИА од Атина.

-Намерата не е да ги подели граѓаните, Европскиот дигитален ковид сертификат, не е ништо повеќе од брза линија за патување. Патувањето ќе го направи многу полесно, особено за време на летото, рече Мицотакис и истакна дека Грција е подготвена, сертификатот да го воведе пред 1 јули односно пред датумот одреден од Унијата.

Говорејќи за содржината објасни дека националните податоци се вклучени во ЕУ платформа на безбеден и заштитен начин.

-Ги вклучува сите информации што ќе им бидат потребни на земјите членки за да ги пречекаат туристите и без да бидат подложени на дополнителни рестрикции. Доказ за вакцинација, доказ за негативен тест ПЦР или антиген тест или доказ за прележана болест, објасни Мицотакис.


Министерот за дигитална политика на Грција, презентирајќи го сертификатот објасни дека треба да биде заеднички за сите земји членки и дека е потребна платформа за верификација на документот, нешто што веќе е обезбедено.

Грција ќе го користи постоечкиот PLF формулар во кој ќе биде вклучен и сертификатот доколку туристот ќе биде потребно да направи тест пред враќањето во неговата земја.

Сертификатот ќе содржи специјален код, што при влезот во Грција ќе се скенира за да се потврди валидноста на документот.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел рече дека е важна алатка што ќе биде клучот за патување во Европа, додека по завршувањето на презентацијата, преку Твитер коментираше дека „идејата за дигитален сертификат денеска станува реалност“.

Би можело да ве интересира

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен