Издавачката куќа „Везилка2011“ ја објави на македонски јазик книгата есеи „Книжевноста и дните“ од српскиот поет, критичар и есеист Гојко Божовиќ.
Книгата содржи четириесетина есеи во три циклуси: „Времето и поезијата“, „Романсата на читањето“ и „Книжевноста во времето на транзицијата“.
-Нагласувајќи дека поводите се мајка на есеите, Божовиќ во оваа книга во различни варијации го застапува уверувањето дека односот на книжевноста и стварноста, општествена или политичка, медиумска или идеолошка, суштински е асиметричен. Белградската критика оваа книга ја пречека со оценката дека во неа Божовиќ ни се претставува како сигурен повереник на уметноста без која човечкиот живот би имал помалку смисла, соопшти „Везилка2011“.