Јовановиќ: Луѓето кои немаат закажано термин за вакцинација во Србија, нема да бидат вакцинирани

Од:

Директорот на Канцеларијата за Е-управа, Михаило Јовановиќ, ги повика граѓаните на соседните земји, кои немаат закажано термин за вакцинација, да не доаѓаат во Србија, бидејќи нема да бидат вакцинирани, пренесе „Танјуг“.

Јовановиќ потсети дека има договор меѓу стопанските комори во регионот за вакцинирање  стопанственици, а сите што се пријавиле на тој начин и добиле термин преку порталот за Е-управа, ќе бидат вакцинирани.

На веб-страницата Е-управа, покрај српските државјани, странски државјани со и без престој во Србија можат да го изразат својот интерес за вакцинација против Ковид-19, по што ќе добијат термин за вакцинација.

„Сите други треба да знаат дека, ако немаат закажано, нема да можат да се вакцинираат“, изјавил Јовановиќ за Танјуг.

Околу 7.500 стопанственици од економиите на регионот на Западен Балкан се пријавија за вакцинација викендов во Србија, што беше обезбедено преку регионалниот форум за инвестиции во соработка со Владата на Србија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Нема одговор кој дозволи преку македонската граница да помине огромна количина на дрога и да заврши во Србија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Притвор за српските шверцери на марихуана набавена во Македонија

Катерина Ѓуровски

Транспортерите од Србија престануваат да го блокираат товарниот сообраќај на премините

Србија повторно воведува задолжителен воен рок

Возач на автобус (70) сексуално вознемируваше девојка (16)

А1он