Хасан Рохани води со 51 процент од гласовите на вчера оддржаните претседателски избори во Иран по преброени 32 милиони гласачки ливчиња, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на државната телевизија.
Вкупниот број избирачи во Исламската република е околу 50 милиони. Над 70 проценти од нив го искористиле своето право на глас, изјавуваат претставници на властите.
Ако изборниот резултат на единствениот реформатор меѓу кандидатите остане над 50 проценти, тоа ќе значи дека тој е избран за претседател уште во првиот круг и нема да има прегласување на 21 јуни.