Репрезентацијата на Германија вчеравечер во Дуизбург го совлада Исланд (3:0) во квалификациски натпревар за Светското првенство 2022 година.
Тимот предводен од селекторот Јоаким Лев го победи својот 17-ти последователен натпревар во Мундијалските квалификации. Ова е нов рекорд за германскиот национален тим.
Следен противник на Германија е Романија на 28 март, а три дена подоцна „панцирите“ ќе се соочат со македонската репрезентација.