Бонучи откри што му се допаѓа во Италија под водство на Манчини

Од:

Дефанзивецот на Италија, Леонардо Бонучи ги сумираше впечатоците од квалификацискиот меч за Светското првенство против Северна Ирска (2:0).

– Важно е дека не примивме гол, дури и ако направивме многу грешки во второто полувреме и ни треба подобрување, особено кога ја поседуваме топката. Она што секогаш ми се допаѓаше откако Манчини дојде во националниот тим е односот. Играме со сите без страв, ја задржуваме присебноста и се обидуваме да победиме на секој натпревар. Сè уште ме боли што не бевме во можност да се пласираме на СП 2018. Оваа рана никогаш нема да зарасне, но ние мора да ги земеме гневот и гладот ​​од овој „кикс“ и да ги трансформираме во позитивна енергија во иднина, истакна Бонучи за „Раи Спорт“.

Роберто Манчини е селектор на Италија од 2018 година. Под негово водство, тимот обезбеди пласман на Евро 2020.

Би можело да ве интересира

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Хомосексуалците добредојдени на СП 2022 во Катар, порачаа организаторите

А1он

Сантош ќе ја напушти португалската репрезентација доколку не се пласира на СП 2022

Ана Ололовска

Видал се извини поради исклучувањето против Еквадор

Ана Ололовска

Алжир ја обвини Буркина Фасо дека користела црна магија пред нивниот дуел во квалификациите СП и повикаа егзорцист

Ана Ололовска

Мбапе прв пат во кариерата постигна гол за Франција на четири натпревари по ред

Ана Ололовска