Северна Кореја го потврди тестирањето на нов тип тактички водени ракети

Од:

Северна Кореја денеска потврди дека ден претходно истрелала два „нови типа на тактички ракети“, соопшти државната агенција КЦНА, на која се повикува ДПА.

Тестирањето го спровела севернокорејската Академија на науките во одбраната и истото го оценила како „многу успешно“, додаде КЦНА.

Двете ракети успешно ги погодиле своите цели во водите, на 600 километри од брегот, и според извештајот тестирањето покажало дека новиот вооружен систем може да носи тежина на боевата глава од 2,5 тона.

Претставникот на партијата, Ри Пјонг Чол, кој го надгледувал лансирањето, посочи дека вооружниот систем има „големо значење во зајакнувањето на воената моќ на земјата и спречување на секакви воени закани што постојат на Корејскиот полуостров“.

Со резолуциите на ОН на Северна Кореја и е забрането да тестира балистички ракети и таа е опфатена со строгите меѓународни санкции за да се спречи да продолжи да развива ракети што би можеле да бидат опремени со нуклеарни боеви глави.

Двете ракети со краток дострел беа лансирани од севернокорејскиот град Хамју, вчера во раните утрински часови и минаа околу 450 километри, наведе јужнокорејскиот началник на армискиот Генералштаб.

Овој потег предизвика осуда од Јапонија и повик од шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров за нови преговори за мировниот процес на Корејскиот полуостров.

Ова беше второ лансирање од страна на Северна Кореја на ракети за само една недела, бидејќи Пјонгјанг во неделата истрела уште две крстосувачки ракети покрај западниот брег.

Тоа тестирање беше направено поради заедничките воени вежби на вооружените сили на Јужна Кореја и САД, што завршија минатиот четврток. Влијателната сестра на севернокорејскиот владетел Ким Џонг-ун, Ким Јо Џонг, ги осуди воените вежби и ја обвини новата американска администрација дека сака да предизвика проблеми како прв чекор.

Преговорите на Вашингтон со Пјонгјанг околу неговата програма за нуклеарно оружје не постигнаа никаков напредок по неуспешниот самит на поранешниот претседател Доналд Трамп со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Виетнам, во февруари 2019 година, пренесе ДПА.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт