Федерер и Јужни – финалисти во Хале

Од:

Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер се пласираше во финалето Гери Вебер Опен во Хале со победата над домашниот играч Томи Хас.

Федерер во неизвесен меч го победи Хас со резултат 2:1 (3:6, 6:3, 6:4), по час и 40 минути игра.

Некогаш најдобриот тенисер на светот го изедначи минатогодишниот резултат, кога во фуналето во два сета, беше поразен токму од Хас.

Во борба за титулата Швајцарецот ќе се сретне со Русинот Михаил Јужни, кој пак го победи Ришар Гаске од Франција, во два сета, 6:3, 6:2.

Финалето е закажано за утре од 12 часот.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех