Наместо пратенички прашања, продолжение на седницата за економски мерки, опозицијата ја напушти салата

Од:

Тензично во собраниската сала, откако претседателот на Собранието, Талат Џафери наместо пратенички прашања, прво на дневен ред ја стави 36 тата седница на која се законите за економска помош, а беше прекината во понеделникот поради немање кворум. За предлогот гласаа 53 пратеници, но опозициската ВМРО-ДПМНЕ се налути и овој потег го оцени како подмолен и шверцерски. По ова пратениците на опозицијата ја напуштија салата, а од говорницата се обрати координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

„Правите циркус во Собранието, се обидувате да ја замолчите опозицијата, ова ли е решението?Врз основа на што вие повикувате да не се одржи седница на пратенички прашања, туку 36-та седница? Дали сте свесни дека правите преседан, дека првпат се прекинува седница на пратенички прашања. Кога има ваква седница, никогаш не се закажува друга седница. Само прашувам дали сте свесни дека правите преседан кој првпат го правите во последните 30 години. Денска требаше да прашаме за скандалите на власта, за ташната Луј Витон, чии се парите во торбата на Ден Дончев, за софтверот на Рашковски. Срамно е ова што го правите“, рече Мицевски.

Јован Митрески координатор на пратеничката група на СДСМ ги повикаа колегите од ВМРО-ДПМНЕ да се вратат назад за го изгласаат пакетот за анти-кризни мерки со кои би ми се исплатиле парите на работниците погодени од пандемијата. Рече дека тоа не го прават заради власта, туку заради граѓаните кои ја чекаат помошта.

„Повик за закажување наседница насилнички начин не е решение. Знаете дека имаме двајца заболени колеги од кои едниот е во болнички услови. Ве замолувам нека над владее разумот, влезете во салата. Еве даваме предлог седницата за пратенички прашања да трае и двојно повеќе, ние пратениците од мнозинството ќе се откажеме од поставување прашања, еве ќе преземеме одговорност. Но, ве замолувам нај другарски и Вие покажете доблест сите сме избрани од граѓаните, да работиме во нивен интерес“, порача Митрески од говорницата.

Но, сепак, подадената рака на пратеничката група на СДСМ не ја убеди опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се врати во собраниската сала. Наместо тоа, координаторот Мицевски побара еден час пауза по што собранискиот спикер ја прекина седницата. На крајот Џафери ги повика координаторите на парламентарните партии да одржат средба за време на паузата и да се договорат како ќе продолжи понатаму работата на Парламентот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште