ВИДЕО: Повикот за бојкот и бојкотот на Пописот е кривично дело, велат од Владата

Од:

„Пописот е граѓанска обврска утврдена со закон. Учеството во Пописот е задолжително и претставува одговорност на секој граѓанин кон државата. Повикот и бојкотот на Пописот е кривично дело, тоа е исто што и организирање отпор и непослушност кон законити одлуки и мерки на државен орган опфатени со членот 387 од Кривичниот законик, предвидува парична казна или затвор до 3 години за оној, што ќе организира други на отпор и на непослушност. Ако пак поради делото не е спроведено или значително е отежнато спроведувањето на законита одлука или мерка, или ако делото го стори како водач на група сторителот ќе се казни со затвор од 1 до 5 години“, е истакнато на редовната прес-конференција на портпаролите на Владата на Република Северна Македонија, Душко Арсовски и Муамет Хоџа, која ја одржаа заедно со Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика.

На прес-конференцијата информираа за заклучоците и одлуките донесени на вчерашната 57-ма седница на Владата, како и за тековните активности поврзани со Пописот 2021.

Портпаролот Арсовски информираше дека за теренскиот дел е обезбеден потребниот број на попишувачи и почнува обуката на реонските инструктори, при што нагласи дека здравствените протоколи со кои е предвидено да се спроведува Пописот гарантираат највисоко ниво на заштита и за попишаните и за попишувачите.

Во однос на активностите во дијаспората е информирано дека самопопишувањето на нерезидентното население забележливо се зголемува и досега се самопопишале 137.114 македонски државјани кои живеат во странство, а претставничката на ДЗС Ѓоргиева соопшти дека најголем е бројот во Швајцарија, Германија и Италија, како и дека е забележан и раст во САД и Канада.

Портпаролот Арсовски посочи дека податоците од Пописот се доверливи и заштитени по највисоките стандарди и со учеството во оваа статистичка операција секој придонесува државата да има релевантни и точни податоци, а не претпоставки, за да може да се креираат политики за натамошен развој.

Портпаролот Хоџа информираше за заклучоците и одлуките донесени на вчерашната 57-ма владина седница, на која Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата за спроведување на Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион и Владата ги задолжи Министерството за култура, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за транспорт и врски, Државниот инспекторат за животна средина, а им укажува на Управата за животна средина, Управата за заштита на културното наследство, на општините Охрид, Струга и Дебрца, во взаемна и постојана комуникација и со стручна помош да ги решаваат проблемите со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, се со цел на зачувување на неговата исклучителна универзална вредност.

Во контекст на подобрувањето на гасната инфраструктура Владата го разгледа и прифати текстот на усогласениот Договор меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Грција за изградба на интерконекцијата за пренос на природен гас. Со овој договор за заедничка изградба на интерконекторот со Грција ќе се овозможи гасно поврзување на Централна и на Југоисточна Европа со цел унапредување на диверзитетот и конкурентноста на снабдувањето со природен гас и обезбедување на сигурноста во снабдувањето на регионот.

Би можело да ве интересира

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски

Директорката на албански ИНСАТ ги отфрли обвинувањата за манипулации со пописните резултати

Апелирам Македонците од Албанија масовно да учествуваат во пописот, порача Мицкоски

А1он

Ревизија на Пописот: Софтверот за дијаспората бил набавен од спонзор за кој не знаеле во министерство за правда

A1on

Васил Стерјовски: Македонците во Албанија се уценети од Софија да се попишат како Бугари

A1on

Симовски: Направивме попис, но последниве четири години немаме вработено ниту еден човек, а напуштија повеќе од 100

Маја Илиевска-Пачемска