САД не планираат да ја направат истата грешка со Сирија како во случајот со Ирак

Од:

САД и понатамустојат зад својата проценка дека сирискиот режим употребил хемиско оружје, како и дека не планираат да ја направат истата грешка како во случајот со Ирак.

За сето ова американскиот претседател Барак Обама ќе му приложи докази на својот руски колега Владимир Путин на маргините на самитот Г-8 следната недела, соопшти Белата куќа.

– Обама ќе ги изнесе сите докази поради кои сме толкумногусигурни во проценката, која Белата куќа ја објави за употреба на хемиско оружје во Сирија. Проценивме врз основа на повеќе независни информации, истакна портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

САД во четвртокот првпат соопштија дека режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад повеќе пати користел хемиско оруќје, посебно гасот „сарин“, против бунтовниците кои се обидуваат да го соборат од власт.

Русија веднаш по објавата на Вашингтон соопшти дека информациите кои ги објавиле САД се фабрикувани.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров истакна во разговорот со американскиот државен секретар Џон Кери дека воената поддршка на сириските бунтовници, кои ја најавија САД, би можела да поттикне насилство на Блискиот Исток, а обвинувањата на САД дека Владата во Дамаск користи хемиско оружје не се поткрепени со доверливи докази.

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа