„Змаевата невеста“ најдобра претстава на 48. издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Од:

Со свечено доделување на наградите на годинешните добитници, и со изведба на претставата „Ах, љубов моја“ по текст и режија на Коле Ангеловски, синоќа беше спуштена завесата на 48. издание на Меѓународниот театарски гестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Жирито во состав Васе Манчев, Мустафа Јашар и Јани Бојаџи, како најдобра претстава во целина ја оценија претставата „Змејовата невеста“ на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ во режија на Нела Витошевиќ, а публиката во салата оваа одлука ја награди со долготрајни френетични аплаузи и овации.

Градоначалникот Марјан Ристески доделувајќи им ги наградите на лауреатите истакна дека Прилеп има исклучително театарска публика, која од секогаш умеела да ја препознае и награди вистинската креација.

Во наградените лауреати годинава се и писателот Братислав Димитров за текстот „Ноќите во бел сатен“, додека Амернис Нокшиќи Јовановска ја освои наградата за најдобра женска улога. Актерот Јордан Витанов доби награда за најдобра машка улога за улогата на Благој во претставата „Ноќите во бел сатен“ од Велешкиот театар, а како најдобри млади актери беа наградени Камка Тоциновска и Валентин Костадиновски.

За женска епизодна улога наградата ја понесе Зарије Јонузи од Албанскиот театар, а со наградата за машка епизодна улога „Димче Трајковски“ се закити Емил Рубен за улогата на Куче во „Изгубени Германци“ на МНТ.

Викторија Рангелова за претставата на Турскиот театар „Шекспир во приказни“ ја понесе наградата за најдобра сценска драматизација, додека Валентин Светозарев наградата за најдобра сценографија за претставата на Битолскиот театар.

Најдобра костимографија направи Благој Мицевски во претставата „Женидба“ на Театар „Комедија“ од Скопје, а фестивалското Жири наградата за кореографија и сценски движења и ја додели на Кренаре Невзати од Турскиот театар. Награден беше и Сергеј Светозарев за најдобар рекламен материјал за претставата на Битолскиот театар „Травничка хроника“.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“