Македонско вино на Дипломатската академија во Виена

Од:

Македонската Амбасада во Виена се претстави со свој штанд на летниот фестивал посветен за презентација на амбасадите од земјите на ЈИЕ кој синоќа се одржа во предворјето на Дипломатската академија во Виена.

На настанот, чиј покровител беше Виенскиот економски форум и Академијата, македонскиот штанд понуди производи што можат да се купат и во синџирите на супермаркетите во Австрија.

– Одличното црвено вино, традиционалните јадења, дополнети со специјалитети подготвени во семејствата на дипломатите во Амбасадата беа причината што присутните не можеа да се разминат на просторот пред штандот. Штандот го красеа и послужуваа девојки во македонска народна носија членови на КУД „Македонка“ од Виена, соопштуваат од македонската Амбасада.

Зачестените промотивни активности доведоа до зголемување на извозот на вино и преработен зеленчук и храна и ја интензивира соработката во областа на туризмот, со што се зголеми вкупната трговска размена со оваа земја, која за 2012 достигна рекордно ниво од 171,5 милиони долари, посочуваат од Амбасадата на Македонија во Виена.

Би можело да ве интересира

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

Николовски: Зголемена откупна цена и поголеми приходи на лозарите преку новиот Закон за виното донесен од СДСМ

Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата

МЗШВ: Производната цена на килограм „смедеревка“ 18,3 денари, а на „вранецот“ 20,8

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Ковачевски: Со мерките на СДСМ расте производството и извозот на македонско вино