Во салонот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија синоќа беше презентирана поезијата на македонски поет Радован Павловски.
На своето прво гостување во главниот град на Бугарија, академик Павловски беше претставен со интерпретација на негови стихови од антологиските песни, преведени на бугарски јазик од поетот Роман Кисјов.
Големиот литературен опус на Радован Павловски беше претставен од директорот на македонскиот центар Васко Шутаров и поетот Бранко Цветкоски. Стиховите што во своја интерпретација ги говореше академик Павловски, измамија силни и долги аплаузи.
За музичкиот дел од портретот на големиот поет, се погрижија Сара Костадиновска на харфа и Ива Христовска на гитара.а стихови од поетот интерпретираше актерот Иван Калошев. Проектот за литературно претставување на Радован Павловски во Софија беше остварен во соработка на КИЦ на Македонија во Софија и Макавеј-Скопје, со поддршка од македонското Министерството за култура.