Во Босна и Херцеговина, односно заедно во Федерацијата БиХ и Република Српска, во последните 24 часа дури 73 пациенти починале од последици на Ковид-19, што е најголема бројка досега во еден ден.
Со ова, вкупниот број на смртни случаи во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 5.750.
Според Институтот за јавно здравје, само во Федерацијата БиХ починале 57 пациенти.
Со денешниот бројот на смртни случаи во Федерацијата БиХ се искачи на 3.281.
Во Република Српска се пријавени 16 смртни случаи, со што вкупниот број на смртни случаи е зголемен на 2.469.