Глаук Коњуфца избран за нов претседател на Собранието на Косово

Од:

Новиот состав на Собранието на Косово, кој призлезе од вонредните парламентарни избори одржани на 14 февруари, го избра денеска, со 69 гласа „за“, 33 „против“ и ниеден „воздржан“, Глаук Коњуфца за нов собраниски спикер, јави дописникот на МИА од Приштина.

Коњуфца беше предложен од партијата Движење самоопределување (ВВ), која заедно со листата „Осмели се“ на вршителката на должноста претседател на Косово, Вјоса Османи победи на годинешните, осми по ред, парламентарни избори, со освоени 50,27 отсто од гласовите.

Во продолжение на конститутивната седница беа избрани и новите потпретседатели на Собранието – Саранда Богујевци од ВВ, Бедри Хамза од Демократската партија на Косово, Кујтим Шаља од Демокртскиот сојуз на Косово, Славко Симиќ од Српската листа и Беким Арифи од партиите на немнозинските етнички заедници.

Според се уште непотврдени информации, кои ги објавија дел од медиумите, подоцна во текот на денот теба да се закаже седницата на која треба да се гласа за новата Влада на Косово, која ќе ја предводи лидерот на ВВ, Албин Курти.

На почетокот на денешнта седница беше формирана собранска комисија која ги верификува мандатите на новите пратеници, по што 114 присутни, од вкуно 120-те членови на Парламенттот, положија свечена заклетва.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска

Лидерот на Српската демократија денеска е уапсен во северниот дел на Косовска Митровица

Горан Наумовски