Конститутивна седница на новото косовско Собрание

Од:

Новиот состав на Собранието на Република Косово, кој призлезе од вонредните парламентарни избори одржани на 14 февруари, денеска треба да ја одржи својата конститутивна седница, на чиј дневен ред е изборот на новиот паламентарен спикер и на собраниските потпреседатели.

Според соопштението од собраниските служби за односи со јавноста, прва точка на денешната седница, според дневниот ред, е верификацијата на кворумот и на мандатите на новите пратеници.

Пред гласањето за нов претседател на осмиот по ред законодавен дом во историјата на парламентарниот плурализам во Косово по војната во 1999 година, според дневниот ред на седницата, треба да се одржи и положувањето заклетва на новите пратеници.

Неофицијално, од извори на партијата Движење самоопределување (ВВ), која извојува убедлива победа на годинешните избори со освоени 50,27 отсто од гласовите, за нов собраниски спикер ќе биде предложен Глаук Коњуфца, една од водечките фигури на партијата предводена од претендентот за иден косовски премиер, Албин Курти.

Конститутивната седница на новото Собрание на Косово треба да започне во 10 часот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска

Лидерот на Српската демократија денеска е уапсен во северниот дел на Косовска Митровица

Горан Наумовски