Американскиот министер за одбрана Лојд Остин пристигна денска во Кабул во прва посета на Авганистан како шеф на Пентагон, во време кога се поставува прашањето колку американски војници ќе останат во таа земја.
Државната радио телевизија Авганистан јави за пристигнувањето на Остин во Кабул од Индија.
Се очекува тој да се состане со високи претставници на авганистанската влада и претседателот Ашраф Гани.
Претседателот на САД, Џо Бајден минатата недела изјави дека ќе биде тешко да го исполнат крајниот рок за повлекување на војниците од Авганистан до 1 мај.
Како одговор, талибанците предупредија во петокот за реакции ако САД не го исполнат крајниот рок.