Воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар поради интензивни врнежи од снег, информира Автомото сојузот.
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на планинските премини, соопшти АМСМ.
На целата територија на државата, како што се посочува, паѓа снег со променлив интензитет,
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.