(ВИДЕО) Заев: Поддршката на Иницијативниот одбор е искрена и во интерес на партијата

Од:

„Сакам да го изразам моето големо задоволство, да се заблагодарам за голема помош и  за поддршка, како овој конечен чин, на Иницијативниот одбор.

– Навистина сум радосен човек, од проста причина, ни треба помош, ни треба единство во партијата за да ги демонстрирам сите политички платформи и политики на најголемата опозициона партија.

– Знам дека оваа поддршка што денес ја добивме е искрена и во интерес на партијата. Знам, дека овие луѓе, секогаш биле во првите борбени редови во партијата, овие луѓе секогаш биле нашето лице како социјалдемократи. Знам дека во иднина ќе останат чувари на огнот на партијата. Се надевам дека поддршката која во иднина ќе доаѓа, посебно мотивирани од ваквите исчекори, ќе значи силен, победнички СДСМ и надеж во очите на граѓаните.

– Го поздравувам овој чекор, ја користам и можноста да ги поздравам сите членови кои што се потпишаа на Иницијативата за поддршка, и денес, сум радосен за овој чин, кој што претставува израз на поддршка кон својата партија и сегашното раководство на СДСМ“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он