Промоција на проект за јакнење на капацитетите на органите за спроведување на законот

Од:

„За Република Македонија, како земја кандидат за членство во ЕУ, почитувањето на основните човекови права и слободи од страна на сите институции, вклучително и од Министерството за внатрешни работи, се од суштинска важност во насока на исполнување на европските стандарди и усогласување и имплементирање на европското право во секојдневното полициско работење“, истакна меѓу другото министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска на денешната промоција на отпочнувањето на новиот проект – „Јакнење на капацитетите на органите за спроведување на законот за соодветно постапување со задржани и осудени лица“, кој што во наредните две години ќе се реализира во рамки Програма ИПА 2009, компонента 1 – транзициона помош и институционална надградба.

Во своето обраќање по овој повод Јанкулоска посочи дека МВР во текот на минатиот период реализираше низа крупни реформски чекори во поглед на нормативното, едукативното и организационото надградување на институцијата и нејзиниот кадровски потенцијал, а имајќи ја предвид токму приоритетната важност на своевидното интегрирање или оживотворување на корпусот на човековите права и слободи во полициското функционирање.

Притоа Јанкулоска нагласи дека таквиот пристап е позитивно вреднуван особено од граѓаните илустрирајќи го тој факт со резултатите од истражувањата на ОБСЕ за соработката и довербата на граѓаните кон полицијата, кои меѓу другото покажуваат дека над 62 проценти од граѓаните имаа доверба и почит кон полициската работа а пак околу 64 проценти од нашите граѓани се изјасниле дека се чувствуваат слободни да разговараат со полицијата за разните проблеми.

На промоцијата, којашто се одржа во хотелот „Холидеј Ин“ и на која присуствуваа и министерот за правда Блерим Беџети, амбасадорот на ЕУ во РМ Аиво Орав, како и Верена Тејлор директор на Канцеларијата на генералниот директор за програми при Советот на Европа, беа презентирани целите и модалитетите на проектот што треба да биде окончан до 30 декември 2014 година.

Проектот ќе се изведува како во рамки на министерството за внатрешни работи така и во министерството за правда, а за неговата реализација предвидени се 2,1 милион евра (најголемиот дел 1,8 милиони евра од ЕУ, 100.000 евра од Советот на Европа и 200.000 евра од буџетот на РМ).

Главните цели на проектот се – развој на професионалните капацитети на полицијата со гарантирање на целосно почитување на фундаменталните човекови права преку ефикасна и сигурна регулација, како и јакнење на организационите и управувачки капацитети на затворскиот систем со обезбедувае на целосна заштита на човековите права во лечење на притворените и осудените лица.

Би можело да ве интересира

За три дена МВР „подели“ дури 2.490 казни за учесници во сообраќајот

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

МВР вработува 150 полицајци

МВР одобри 24 часовно обезбедување на градоначалничката Данела Арсовска

А1он

Арсовска го објави напаѓачот: Структури во МВР прават се да го заштитат и да го заташкаат случајот