Заев се сретна со францускиот амбасадор Лоренс Оер

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во рамки на редовните контакти со претставници на странски држави во Република Македонија денеска оствари работна средба со амбасадорот на Франција во Македонија, Лоренс Оер.

Амбасадорката Оер го поздрави формирањето на Комисијата за настаните од 24-ти декември и оцени дека со овој чекор се отвора целосна можност за успешна работа на Комисијата.

Воедно, таа ги изрази и своите очекувањата за ефикасност на Комисијата при нејзината работа. Претседателот Заев ги пренесе своите убедувања дека формирањето на оваа Комисија е поттик на евроинтегративниот процес на Македонија и претставува основа за нормализирање на политичкиот дијалог во земјава. Соговорниците го потенцираа значењето за земјава да постигне напредок кон започнувањето на преговорите со ЕУ и кон спроведување на реформите.

Претседателот Заев ја запозна амбасадорката Оер со плановите на новото раководство на СДСМ и политичката насока во која ќе се движи партијата во иднина.

На средбата се разговараше и за повеќе актуелни теми поврзани со економската и политичката состојба во Република Македонија како и за билатералната соработка меѓу Франција и Македонија.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он