Македонската филхармонија вчера пред публиката во Кичево настапи со дела од познати композитори Манчев, Росини, Моцарт, Зографски итн. под диригентската палка на Борјан Цанев.
„Ова не е прв наш настап во Кичево. Сме биле и пред 4-5 години и се сеќавам дека и тогаш имаше многу голема публика. Би сакал да верувам дека и кичевчани уживаа во оваа музика. Ние сме само една филхармонија во Македонија и се трудиме да ги прошетаме сите градови за да го доближиме и обичниот граѓанин до класичната музика“, рече Цанев.
Во соработка со филхармонијата на сцената настапи и македонската солистка, сопранистката ГонџаБогоромова.
„Нам многу ни се допадна концертот. Добро е да имаме што повеќе вакви културни настани во нашиот град. Филхармонија или нешто друго, но би сакала да се повтори“, рече Валентина, која беше дел од публиката.
Во меѓувреме Цанев изјави дека сезоната на концертите на филхармонијата завршува следниот четврток во Градски парк во Скопје, каде што ќе настапатсо посебен избор музика – мешавина од класика и диско.
Fatlume Dervishi