ФБИ: Собираните телефонски податоци служат за спречување напади врз САД

Од:

Информацијата за телефонските разговори, собирани од американските власти во огромна база на податоци, служат за утврдување на идентитетот на луѓето кои сакаат да им наштетат на американските граѓани, изјави денеска директорот на ФБИ, Роберт Милер, цитиран од британските медиуми.

На сослушувањето во Конгресот Милер застана во одбраната на програмата за следење, изјавувајќи дека таа не собира „какви и да било соддржини“, туку само информации за набележените телефонски броеви и за времето и траењето на разговорите.

Според него, владините програми за набљудување се во целосна согласност со законите на САД и со основните права, гарантирани од Уставот.

Според Милер, владата ги презема сите неопходни чекори за да се побара одговорност од лицето кое за медиумите ги откри информациите за програмите.

Милер потврди дека ФБИ почна кривична истрага против Едвард Сноуден, поранешен вработен во американската разузнавачка агенција, кој ја откри тајната информација за програмите за следење на САД, пренесоа француските медиуми.

Двете програми: за собирање телефонски податоци во САД и за пресретнување на комуникациите на Интернет во странство, се одобрени од таен суд, наречен судот FISA (Foreign Intelligence Surveillance Act (FISA) Court), , чии одлуки се доверливи, забелжуваат француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа