Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, вечерва од 20 часот ќе се отвори изложбата на слики, на младата авторка Павлина Спасова.
Историчарот на уметноста, Роберт Цветковски вели дека уметноста секогаш била алтернативниот пат по кој може да се дојде до вистината, оттука и фасцинацијата со водата се чини сосема оправдана од младата сликарка Спасова чии, опсервации на релација природа-вода-човечка перцепција се тема на нејзината најновата колекција на слики.
Изложбата ќе биде претставена и во неколку галериски центри низ Република Македонија.
Спасова дипломирала сликарство со конзервација и реставрација на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.
Одржала бројни самостојни изложби во Македонија, но учествувале и на неколку групни изложби.
Елена Георгиевска