САД го бараше Сноуден пред аферата да излезе на виделина

Од:

Владата на САД започна потрага по поранешниот работник на ЦИА, Едвард Сноуден неколку дена пред тој да ги објави информациите за шпиунажата.

Аферата која што тој ја откри може да ги влоши односите помеѓу Вашингтон и Пекинг.

Фактот дека САД ги шпиунирала сите кои сакала, не го прифатија рамнодушно ниту ЕУ и нејзините членки.

Нескротливата моќ на САД е најголемата пречка во остварување на индивидуалната слобода и приватноста на граѓаните сметаат аналитичарите во Пекинг.

-Немаме никаква информација, одговори портпаролот на шефот на кинеската дипломатија, Хуа Чунијинг одговарајќи на прашањето на новинарите за евентуалното барање азил на дваесет и деветгодишниот бегалец.

Сноуден работеше на Хаваи за консултантската фирма Буз Ален Хамилтон, каде што беше ангажиран на програмата на Агенцијата за национална безбедност, кога побарал неплатено одсуство поради болест.

Во потрага по него најпрвин се вклучил Буз Ален Хамилтон, а потоа владата на САД наведуваат неименувани извори.

Американските официјални лица се уште немаат информации до која мерка тој имал пристап до известувачките податоци, ниту пак ги идентификуваа документите кои што ги има со себе во Хонг Конг, каде што отпатува уште на 20-ти мај.

Неколку извори наведуваат дека Сноуден како администратор не можел активно да ги шпиунира луѓето, додека тој во разговор со „Гардијан“ наведе дека седејќи до работната маса имал овластување да прислушкува кого сака, од сметководител до претседател на држава.

Сноуден во НСА дошол со овластување за пристап до строго доверливи податоци, бидејќи претходно работел за ЦИА.

Првите две недели на работата Сноуден ги поминал на обука во воената база Форт Мид, во државата Мериленд, а потоа отишол на Хаваи и таму претстојувал само четири недели пред да замине на боледување.

Буз Ален Хамилтон, а подоцна и владата на САД организирале потрага по него, но истата беше безуспешна.

Медиумите набргу ја обелоденија информацијата дека владата на САД врши шпиунажа на интернет, но дури откако Сноуден сам се идентификуваше како извор на сензационални вести.

Американската влада се уште не поведе официјална истрага против својот поранешен службеник, ниту побара негово приведување и испорака од властите на Хонг Конг.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа