Испрскан портретот на кралицата Елизабета

Од:

Полицијата во Лондон приведе четириесет и едногодишен маж поради сомнеж дека со спреј го испрскал портретот на кралицата Елизабета II , кој што се наоѓа во Вестминстерската опатија.
Сликата на австралискиот уметник, Ралф Хејменс е дел од изложбата приредена по повод 60- годишнината од крунисувањето на кралицата.

-Во инцидентот кој што се случи денес за време на ручекот еден посетител на опатијата го испрскал со спреј портретот на кралицата, кој што е изложен во Капитуларната сала, изјави портпаролот на опатијата за „Ројтерс“.

Мотивот за вандалскиот чин се уште не е познат, но полицијата не верува дека инцидентот е поврзан со серијата протести против Самитот на лидерите на осумте најразвиени држави, кој идната недела ќе се одржи во Северна Ирска.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Разговараа Трамп и Путин

Предраг Петровиќ

Трамп Јуниор му се потсмева на Зеленски: „Уште 38 дена до губење на џепарлакот“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Украина е пред судбоносна одлука: Ќе се повлече ли пред 50 илјади руски и корејски војници

Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум клучни држави

Предраг Петровиќ