Поранешниот министер без ресор задолжен за странски инвестиции, доктор по педагогија Елвин Хасан издаде научен труд „Организација, управување и раководење со образованието на турски наставен јазик во Северна Македонија“.
Хасан е инспириран од долгогодишните заложби на неговиот татко, Хамди Хасан, кој 42 години работел како наставник и бил голем активист и иницијатор за образование на турски наставен јазик во својот град Радовиш.
како што соопшти авторот, научниот труд „Организација, управување и раководење со образованието на турски наставен јазик во Северна Македонија“ е добра основа за понатамошни истражувања и ќе остане извор кој ќе биде од корист за сите кои би сакале да добијат повеќе информации за оваа проблематика.
Станува збор за труд кој е напишан на турски јазик, во кој опширно се образложени состојбите, проблемите со кои се соочува образованието на турски наставен јазик и начините како тие да бидат надминати.