Прогласување на Роман на годината, во потесниот избор пет романи

Од:

Фондацијата „Славко Јаневски“ денеска на прес-конференција ќе го соопшти името на годинашниот добитник на наградата „Роман на годината“.

На годинашниот конкурс беа пристигнати 40 романи, а лауреатот ќе добие статуетка, плакета и паричен износ од 150 илјади денари.

Во најтесниот избор за наградата влегоа пет романи – „Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски („Или – или“), „Суво мастило“ од Владимир Илиевски („Македоника литера“), „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски („Антолог“), „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски („Антолог“) и „Куќа над брановите“ од Билјана С. Црвенковска („Чудна шума“).

Во состав на жири комисијата беа Оливера Николова, која беше лауреат за 2019 година, Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Гроздановски и Катерина Богоева.

Наградата „Роман на годината“ се доделува по 22 пат, а во 2019 година наградата и беше врачена на Оливера Николова за „Песот со тажен поглед“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска