Здравствените експерти во Германија денеска се согласија дека не треба да има попуштање на мерките затоа што има зголемување на бројот на новите случаи со Ковид-19.
Институтот за заразни болести „Роберт Кох“ предвидува бројката на дневно пријавени случаи да надмине 30.000 почнувајќи од 12 април.
Се зголемува можноста до средината на април брјот на случаи со коронавирусот повторно да достигне рекорди како тие во време на Божиќ.
Институтот „Роберт Кох“ предвидува бројката на дневно пријавени случаи да надмине 30.000 почнувајќи од 12 април.
Денеска бројот на случаи со коронавирусот пораснал за 12.674, а бројот на починати пораснал за 239, додека бројот на случаи на 100.000 во изминатите седум дена скокнал на 76,1 од 72,4.
Бројот на смртни случаи од вирусот во Германија е 73,301, а пријавени се 2.55.455 инфекции.
Канцеларката Ангела Меркел и покраинските лидери претходно се договорија за фазно ублажување на мерките , заедно со „итна кочница“ за на власта да и се овозможи повторно да воведе ограничувања ако бројот на случаи порасне на повеќе од 100 на 100.000 три дена по ред.
Извештајот наведува дека брзото ширење на позаразната варијанта на вирусот прв пат откриен во Велика Британија може да доведе до тоа бројот на случаи од 100.000 да го достигне нивото помеѓу 200 и 500 до средината на април.