Заев се сретна со австрискиот амбасадор Бајер

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, во рамки на редовните контакти со претставници на странски држави во Република Македонија, денеска се сретна со амбасадорот на Република Австрија во Македонија Томас Михаел Бајер.

Амбасадорот Бајер, како што соопштија од СДСМ, го поздравил формирањето на Комисијата за настаните од 24 декември и изразил очекување за ефикасност при нејзината работа.

Претседателот Заев, пак, посочил дека формирањето на оваа Комисија е нов поттик на евроинтегративниот процес и претставува основа за нормализирање на политичкиот дијалог во земјава.

– Напредокот на земјата во евро-интегративниот процес беше една од темите на средбата. Се разговараше за позициите на Македонија на престојниот Самит на ЕУ и се изразија заеднички очекувањата за конечно приближување на земјата кон Унијата, се вели во соопштението од СДСМ.

Претседателот Заев го запознал амбасадорот Бајерн и за плановите на новото раководство на СДСМ за политичката насока во која треба да се движи партијата во иднина.

На средбата станало збор за прашања кои ги третираат односите меѓу Австрија и Македонија а се разговарало и за повеќе актуелни теми поврзани со економската и политичката состојба во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он