Во Шведска претстои воведување забрана за сексуални односи со животни, јави дописникот на МИА.
По подолга дебата и прибирање мислења од повеќе инстанци, шведската Влада најпосле реши да поднесе предлог за законско решение, кое што опозицијата подолго време го бараше, а со кое се забранува секс со животни.
Актуелниот Закон за заштита на животни во Шведска опфаќа сескусално насилство и силување на животни, кога на животното ќе му биде нанесена психичка или физичка повреда, а што може да биде тешко да се докаже.
Според новиот законски предлог, кој треба да стапи на сила од 1 јануари идната година, ќе се изрекува парична казна или затворска казна во траење од најмногу две години.
Поранешната забрана за сексуални односи во Шведска била укината во 1944 година.