Американците нема да ја бојкотираат Олимпијадата во Пекинг

Од:

Американскиот олимписки и параолимписки комитет (USOPC) повтори денеска дека е против бојкот на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг идната година, реагирајќи на повиците до американските спортисти да се одлучат на таков чекор поради непочитување на човековите права од страна на кинеските власти.

-Иако во ниту еден случај не сакаме да го минимизираме тоа што се случува на полето на човековите права во Кина, ние не поддржуваме бојкот на ЗОИ, изјави претседателот на USOPC, Сузан Лајонс.

Таа истакна дека бојкот само би наштетил на спортистите, кои напорно се подготвуваат за Игрите, потсетувајќи на 1980 година, кога американските олимпијци не настапија на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Москва.

-Сметаме дека таквите бојкоти во минатото не беа делотворни, особено во 1980…Таквите бојкоти само им штетат на спортистите, кои цел живот тренираат за да добијат шанса да ја претставуваат својата земја. Сметаме дека станува збор за прашања што треба да бидат предмет на разговори меѓу влади, посочи Лајонс.

Предвидено е ЗОИ да започна на 4 февруари идната година, само шест месеци по ЛОИ во Токио, што беа одложени за една година поради пандемијата на коронавирус.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија