Кинеските власти соопштија денеска дека нема што да соопштат во врска со случајот на консултантот на американската Агенција за национална безбедност, Едвард Сноуден кој се крие во Хонг Конг.
– Немаме информација што треба да биде соопштена, изјави Хуа Чунин, портпаролка на кинеското МНР.
Таа ја даде изјавата како одговор на прашањата дали Сноуден побарал азил и каде се крие, јавуваат западни медиуми.