Доскорешниот НБА играч Џејсон Кид кој пред еден месец ја заврши својата 19-годишна играчка кариера е назначен за нов тренер во тимот на Бруклин Нетс.
– Со негово назначување на тренерското место добиваме личност која има многу постигнато како играч и очекувам тоа негово искуство и тие негови резултати да ги достигне во својата тренерска кариера. Верувам дека успешно ќе не води на тој пат, изјави сопственикот на клубот Михаил Прохоров по назначувањето на Кид на тренерската позиција.
Задоволство од добивањето на новата функција искажа и Кид.
– За оваа улога се подготвував уште како активен кошаркар. Многу сум возбуден и верувам дека ќе ја оправдам довербата и ќе им го пренесам моето знаење и сфаќање за играта на моите избраници, изјави новиот тренер на Бруклин.