Нови еврејски живеалишта на Западниот брег во Израел

Од:

Израел се подготвува за изградба на стотици нови еврејски домови во населбата Итамар, во северниот дел на Западниот брег на реката Јордан, пишува весникот „Ерусалим пост“.

Според весникот во колонијата Итамар е предвидена изградба на нови 538 домови за Евреи, како и поднесување на барање за легализација на 137 веќе изградени домови.

Израелската Влада ќе го разгледа и прашањето за изградба на 550 нови еврејски живеалишта во незаконски изградената населба Бруншин, легализирана во 2012 година од властите.

Прашањето за изградба на израелските населби е во основата на застојот на израелско-палестинските мировни преговори.

Палестинците бараат меморандум врз населувањето Евреи на окупираните територии како еден од условите за обновување на преговорите, но Израел одбива секакви предуслови.

Одлуката за изградба на нови еврејски населби е донесена во време, кога американскиот државен секретар Џон Кери прави напори за обновување на израелско-палестинските преговори.

Над 360.00 израелски доселеници живеат на Западниот брег, а околу 200.000 во окупираните и анексираните делови на Источен Ерусалим.

Би можело да ве интересира

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег