Пописот треба да го спроведеме и секој да си ја преземе одговорноста, порача Заев

Од:

Пописот треба да го спроведеме, тоа е статистичка операција и секој треба да си ја преземе одговорноста, вели премиерот Зоран Заев.

– Има земји кои што го одложиле, но тие имаат последни податоци од пред 10 години. Ние имаме последни податоци од пред 20 години и навистина правиме грев пред граѓаните со сето тоа што е работење на јавните институции со нивните пари на непознати податоци. Треба да го спроведеме пописот и апсолутно е јасно како операцијата се спроведува со анкетен прашалник, согласно протоколите, како што течат сите постапки. Можеме да го завршиме пописот. Тоа е статистичка операција и треба да си ја земеме одговорноста, изјави Заев во одговор на новинарско прашање по денешната посета на „Скопје Ист Гејт“.

Тој појасни дека пописниот прашалник оваа година е олеснет не само кај нас, туку и во многу други земји.

– Сите податоци кои што ги имаме од базите не ги попишуваме, ги имаме. Тие што не ни се докомплетирани, ги попишуваме и ги споредуваме со базите. Но, има податоци кои што ги нема во ниедна база, како што е верска определба, етничка определба. Морате да го направите. Има сигурно и други податоци кои што се собираат директно, како што се членови на домаќинства, бројот на членови, на деца, образование и слично. Затоа пописот е намален во делот на прашалниците, за еден дел веќе имаме електронски податоци, а еден дел само го споредуваме, вели Заев.

За локалните избори изјави дека очекува успешно да бидат спорведени во октомври со земање на отпечаток на прст, но вели потребно е да се донесе Изборниот законик кој се носи со консензус, а кој треба да одговори на сите дилеми.

– Правиме се што можеме да направиме. Последната дилема е во ридско планински места ако е слаб интернетот и не може да се користи самата база дали се повторува гласањето или се овозможува на стариот начин да се гласа. Таа дилема треба да ја разрешат работните групи за нас е прифатливо како ќе одлучат сите се со цел да имаме договор со сите. Очекувам да имаме успешни избори во октомври со фингертип, отпечаток од прст. Тоа е заложбата на сите. Сум ја барал како опозиција, а сега опозицијата ја бара и ред е да ја дадеме, а впрочем е и зголемување на довербата на граѓаните во изборните резултати, изјави Заев.

Би можело да ве интересира

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски

Директорката на албански ИНСАТ ги отфрли обвинувањата за манипулации со пописните резултати

Апелирам Македонците од Албанија масовно да учествуваат во пописот, порача Мицкоски

А1он

Ревизија на Пописот: Софтверот за дијаспората бил набавен од спонзор за кој не знаеле во министерство за правда

A1on

Васил Стерјовски: Македонците во Албанија се уценети од Софија да се попишат како Бугари

A1on

Симовски: Направивме попис, но последниве четири години немаме вработено ниту еден човек, а напуштија повеќе од 100

Маја Илиевска-Пачемска