Австрија: Воспитувачи во сиропиталиште со децении вршеле физички и психички напади врз ученици

Од:

Комисијата за разгледување на обвиненијата на поранешни членови на сиропиталиштето Вилхелминенберг во Виена, потврди дека децата што престојувале таму биле малтретирани и цел на сексуални напади.

Нападите продолжиле до затворањето на сиропиталиштето во 1977 година, се наведува во вчера објавениот извештај на Комисијата.

– Комисијата го потврдува извршувањето на масовни физички и психички напади во сиропиталиштето во период од неколку децении, изјави судијата Барбара Хелиге, која раководи со Комисијата формирана во 2011 година.

Во правилникот на сиропиталиштето, што датира од 1956 година, изречно се забранува децата да бидат физички казнувани, јави ДПА.

– Сето тоа било неправедно и протизаконски. Тоа не треба да се повтори никогаш повеќе, изјави Хелиге.

Извештајот на Комисијата содржи 344 страници и се заснова на 200 изјави на поранешни ученици и воспитувачи. Документите, што се однесуваат на злосторствата се уништени при затворањето на установата. Во отсуство на овие документи идентификацијата на насилниците е речиси невозможно.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник