НСА: Програмата за следење откри и спречи десетици терористички заговори

Од:

Директорот на американската Агенција за национална безбедност (НСА) Кит Александар застана во одбрана на програмата за следење на онлајн комуникацијата, истакнувајќи дека благодарение на тоа се откриени и спречени десетици терористички заговори.

– Тоа помогна во спречување на десетици терористички настани, изјави вчера генерал Александар на рочиштето пред Комитетот за разузнавање на американскиот Сенат.

Генералот изрази поддршка за персоналот што ги води овие програми, истакнувајќи дека тие својата работа ја вршат „во рамките на законот, почитувајќи ги граѓанските слободи, приватност и безбедност“.

Александар сепак истакна дека Агенцијата треба да истражи како Едвард Сноуден, соработник со релативно низок ранг, се нашол во ситуација да дојде до такви чувствителни информации што протекоа во јавноста.

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа