СДСМ: Расте извозот, економските мерки и политики даваат резултат

Од:

„Официјални податоци од надлежни институции ја потврдуваат успешноста на мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2021 година бележи пораст од 15,5 отсто во однос на истиот период од 2020 година“, велат СДСМ.

„Истовремено, во овој месец забележана е досега највисоката покриеност на увозот со извоз со стапка од 84,7 отсто.

Овие податоци се дополнителен поттик за македонската економија и враќање на претходните стапки на економски раст.

Преку четири пакети мерки од страна на Владата предводена од СДСМ им се помогна на стотици илјади работници, се зајакна куповната моќ на стотици илјади семејства им се помогна на илјадници домашни компании.

Во тек е реализација на петтиот пакет мерки во вредност од 160 милиони евра, кој треба да обезбеди рестарт на македонската економија.

Истовремено, продолжува поддршката за сите дејности, како и за извозните компании. СДСМ како одговорна и посветена партија продолжува со креирање и реализација на одговорни економски политики што ја унапредуваат македонската економија и обезбедуваат услови за забрзан економски раст“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже дали Филипче е во Дубаи и по кој основ се стекнал со златната виза

СДСМ по изјавата на Бране Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ донесе закон со кој се намалија казните

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени