Владата бара чаре за Попова Шапка, можно е „Елем турс“ да функционира како самостоен субјект

Од:

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за изнаоѓање решение за Ски центарот Попова Шапка, како и можноста Елем Турс да се одвои од АД Електрани на Северна Македонија за да функционира како самостоен субјект во рамките на Владата.

Целта на овaа иницијатива, во која учествуваат Министерството за економија, Елем Турс Скопје, Управата за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Општина Тетово, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и Граѓанска иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка” е да се разгледаат сите можности за креирање на модерен, високо квалитетен скијачки центар од национално и меѓународно значење и максимална грижа за постигнување рамнотежа помеѓу природните еко-системи и природните убавини на Шар Планина, велат од Владата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски