Книгата „Кревки пријателства“ на авторката Ирена Питч, некогашната пријателка на Владимир и Људмила Путин, зборува за познатиот брачен пар кој минатиот четврток неочекувано најави развод.
Имено, во една разговор Људмила Путин на Питч и пренела дека нејзиниот поранешен маж е „вампир“, но и тој не и останал должен, па рекол дека „на тој што ќе помине со неа три недели, треба да му се подигне споменик“.
Сепак Људмила, Путин го опишувала како вистински маж за неа, бидејќи не конзумирал алкохол и не ја тепал, но му замерила што во ноќните часови се задржувал со своите пријатели.
Владимир и Људмила се венчаа во јули, 1983 година и имаат две ќерки, Марија (30) и една година помладата Екатерина.
Елена Георгиевска