Филипче: Полицискиот час ќе трае две недели

Од:

Се предлага полицискиот час да трае две недели колку еден епидемиолошки циклус, тогаш кога очекуваме да има вистински резултат. Можеби ќе има измена на таа препорака.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој во образложението на донесувањето на предлогот на Комисијата за заразни болести за воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава рече дека евидентно било дека во изминатите десет дена бројот на заболени се зголемува.

– Инциденцата најмногу е зголемена во Скопје, Кавадарци, Неготино, Прилеп и во Охрид. Тоа се реперкуира на начин што има зголемен прилив на пациенти во болниците. Во Кавадарци е целосно исполнето Инфективното и дополнителните одделенија и почна да работи и модуларната болница. Исто е во Прилеп, а ние гледаме тука во Скопје има секојдневно се поголем број случаи кои бараат хоспитализација и затоа во функција се врати модуларната болница до Инфективната клиника и повторно се спремни сега сите интерни клиники. Тоа го организиравме денеска во текот на утрото како што беше во ноември, посочи Филипче.

Ударот кон болниците во смисла на прилив на нови пациенти, потенцира министерот, не е така нагол, како што беше на почетокот на ноември и тоа е значајна разлика без оглед на зголемувањето на инциденцата.

– Многу е тешко сега да се каже дали ќе продолжи тој тренд или дали бранот кој сега се јавува ќе биде идентичен на тој во ноември. Тука има поделени мислења на епидемиолозите. Но, ние мора да сме внимателни и спремни и во таа смисла препораката на Комисијата за заразни болести е да има ограничување на движењето после 22 часот поради тоа што сметаат дека има групирање после затворање на угостителските објекти без почитување на превентивните мерки на јавни површини додаде Филипче.

Тој рече дека освен предлогот за воведување полициски час засега нема да препорачаат други мерки, како што е одложување на пописот.

иот час.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Додека Филипче беше министер имало предупредувања за загадена вода, но институциите молчеле

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Кој премиер е виновен што Македонија тоне во загадување, сиромаштија и корупција?

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Филипче: Новиот министер за земјоделство да каже дали има бугарски пасош и резервна татковина

Филипче: Нема нова технологија дома, а Мицкоски ќе правел технологија за гласање од надвор

Предраг Петровиќ

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула