Семафорите во Скопје ќе работат во зависност од бројот на возила кои поминале

Од:

Семафорите на околу 90 крстосници ќе работат во зависност од сообраќајното оптоварување, односно зеленото време нема да биде фиксно како што е денес, туку ќе биде променливо во зависност од бројот на возила кои поминале преку детекторските индуктивни јамки, истакна градоначалникот на Скопје Коце Трајановски при денешната посета на Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС) што се уредува како дел од проектот за Автоматизирано управување на сообраќајот во Скопје.

– Реализацијата на проектот за Автоматизирано управување на сообраќајот во Скопје е финансиран со заем од Европската банка за обнова и развој во износ од 2,6 милиони евра. Изведувач на работите е „Сварко СИСТЕМС“ од Германија со подизведувачот „Елком КОНСТРАКШН“ од Скопје. Со неговото доопремување, главните функции на Центарот за управување и контрола на сообраќајот ќе бидат прибирање податоци за сообраќајот во реално време, управување со семафорскиот систем на улиците, визуелно набљудување на сообраќајот, давање приоритет на возилата на јавниот градски превоз и информирање на возачите, рече Трајановски.

Првите 30 крстосници, како што рече тој, кои се лоцирани во централното градско подрачје се веќе централизирани, односно поврзани со ЦУКС.

– Од работата на Центарот за управување и контрола на сообраќајот ќе произлезат голем број придобивки за граѓаните на Скопје, намалување на времето на патување, намалување на времето на чекање за поминување на крстосниците, намалување на загадувањето од сообраќајот, намалување на потрошувачката на гориво, зголемување на брзината и многу други, нагласи Трајановски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство

Син уби татко во Скопје

А1он